Бакрачески во потрага по начини за зголемување на бројот на летови до охридскиот аеродром

Од:

Новоизбраниот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески оствари работна средба со извршните директори на нискобуџетниот авио-превозник „Визер“, претставници од Министерството за транспорт и врски, како и на компанијата „ТАВ“ што стопанисува со аеродромите во Охрид и Скопје, на која е разговарано за можностите за зголемување на фреквенцијата на летови на охридскиот аеродром.

Бакрачески нагласи дека на средбата било разговарано за можностите и капацитетите на што во сферата на авиосообраќајот ги поседува регионот, за реализација на поголем број летови од охридскиот регион, биле разменети и идеи и предлози на кој начин идната локална самоуправа може да придонесе во субвенционирањето на таквите летови.

– Целта е да проработи охридскиот аеродром онака како што треба и мора да работи и на тој начин да ја зголемиме фреквенцијата на летови од овој аеродром кој што понатаму ќе води кон забрзан развој на туризмот, односно привлекување странски инвестиции и економски раст и развој на општината, изјави Бакрачески, нагласувајќи дека не може да се замисли унапредување на туризмот во градот без стабилен и континуиран авионски сообраќај.

На средбата било оценето дека за авиопревозникот „Визер“ особено се интересни градовите од Југозападниот регион на Македонија, вклучувајќи ги Охрид, Струга, Ресен, Битола и Македонски Брод, кои заедно со албанските градови Корча и Поградец претставуваат популација од речиси 800 илјади  жители.

– Тоа е потенцијалот што отвора можности за зголемување на фреквенцијата на патници на охридскиот аеродром, а на тој начин ќе ги задоволиме потребите на локалната самоуправа односно во нејзините заложби да се зголеми фреквенцијата на авионските линии од нашиот аеродром, притоа имајќи ги предвид и интересите на „ТАВ“ и на самиот авиопревозник, вели Бакрачески.

Новата локална самоуправа размислува и за учество во субвенционирање на агенциите и тур-операторите при формирањето на цената на авиобилетите и тоа не само во текот на летниот период туку и во насока на реализирање одреден број летови во текот на целата година.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски