Бакрачески: Петрески е уплашен бидејќи знае дека ќе ги изгуби изборите во Охрид

Од:

„Панична реакција на уплашен човек кој знае дека ќе ги изгуби изборите“, вака кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Никола Бакрачески ја оценува изјавата на градоначалникот на Охрид и кандидат на СДСМ, Александар Петрески дека без разлика кој ќе биде канидат на ВМРО ДПМНЕ, ќе извојува победа уште во првиот круг Бакрачески рече дека нема да се впушта во валкана кампања, иако веќе во политичкитем кулуари во Охрид на големо се зборува за такво нештo.

„На Охрид мора да му се случат промени и тие промени да бидат водич за попросперитетен град во туристички и организациски смисол. Охрид заслужува да му го вратиме достоинството и ги повикувам граѓаните да ни се приклучат во заложбата за враќање на вистинските вредности на Охрид. Во Охрид ќе победиме ќе ги добиеме локалните избори и ќе покажеме како новиот градоначалник, знае да твори, да решава проблеми и да работи во интерес на сите граѓани“, рече Бакрачески.

Бакрачески рече дека во соработка со владата на РМ ќе ги воведел вистинските европски стандарди во функционирањето на локалната самоуправа.

„Охрид ќе биде модерен град на среќни и задоволни граѓани, град каде чесноста, искреноста и вистинските демократски процеси ќе бидат движечка сила во пулсирањето и работата на локалната самоуправа. Со искрена работа и труд, сите граѓани на Охрид, ќе видат една сосема нова, отворена и кон целата јавност, посветена локална самоуправа, која ќе биде вистински сервис во решавањето на проблемите и потребите на секој поединец и жител на општината.“

Бакрачески најавува дека и понатаму останува посветен на професијата како доктор во Охридскиот завод за кардиологија.Беа претсавени и дел од зацртаните проекти.

Регионален трговски центар по моделот на Skopje City Mall, изградба на затворен зелен пазар на местото на досегашниот , нова современа автобуска станица по сите стандарди со средства од Буџетот на Општината а дел од комплексот ќе бил понуден на приватен партнер. најмалку две катни гаражи, Аква Парк на атрактивна локација, индустриска зона на потегот меѓу влезот на Охрид и село Лескоец, постојните индустриски капацитети ќе биле вклучени во оваа зона.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он