Бајрактаров: 80 проценти од ветувањата на СДСМ не се остварени во Струмица

Од:

Осумдесет проценти од ветувањата на сегашната локална власт не се реализирани, а граѓаните кои ги сретнав досега не се задоволни од досегашното работење на локалната самоуправа, истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Бајрактаров.

-Во Струмица ветуваа нов пазар, плоштадот се распаѓа, ја нема ветената подземна сообраќајница, ги нема новите булевари, ниту новата пожарна станица, ги нема ветените детски градинки, во селата нема направено ништо, ги нема домовите на култура, парковите, ниту асфалтираните патишта, рече Бајрактаров.

Тој додаде дека и после 12 години на власт во Струмица повторно ги нудат истите ветувања.

-Можам да заклучам дека не само што не вложувале, туку и она што е направено, не е одржувано. Градот е претворен во депонија, нечистотијата е секојдневен декор на секоја улица, на секој тротоар. Деновиве, на само недела пред изборите се асфалтираат улици и се продаваат евтини приказни. Го потценуваат народот, рече Бајрактаров, додавајќи дека граѓаните заслужуваат достоинствено управување со општината, реални проекти и отчет за сработеното.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?