Бајовски: Со нови инвестиции и поддршка од Владата, Чучер Сандево ќе се вклопи во сликата на Скопје

Од:

Зоран Бајовски, кандидат за градоначалник на општина Чучер Сандево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од населеното место Кучевишка Бара. Бајовски нагласи дека со поддршка од Владата и градот Скопје ќе се реализираат проекти за подобрување на животот во општина Чучер Сандево, меѓу кои е и инвестиција од 45 милиони денари во Кучевишка Бара за пречистителна станица, канализациска и водоводна мрежа.

,,Сега конечно, ги ставивме проблемите и потребите на граѓаните на ова населено место во програма. Заедно со Владата заедно со градот Скопје, со општина Бутел, бидејќи граничиме и се препокриваме во некои делови, да ја направиме поубаво место за живеење и достојно место за живеење во делот на Скопје“, рече Бајовски.

Бајовски истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ издвоила околу 45 милиони денари за проектот во Кучевишка Бара, а како што вели тој, проектот опфаќа 13 километри примарна и секундарна мрежа, атмосферска канализација и реконструкција на водоводната мрежа, со што конечно ќе се решат клучните инфраструктурни потреби во овој дел од општината.

,,Тоа го покажа Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Најмногу средства во Чучер Сандево беа доделени токму за Кучевишка Бара, околу 45 милиони денари, средства од унгарскиот кредит за изградба на пречистителна станица“, кажа Бајовски и додаде:

,,Во тој дел во програмата е токму 13 километри примарни секундарна мрежа заедно со пречистителна станица, но и атмосферска канализација, но и коригирање на делот на водовод конкретно реконструкција на водоводната мрежа улица, и мислам конечно Кучевишка Бара ќе го добие тоа што и е потребно“.

Бајовски ги повика граѓаните на Чучер-Сандево масовно да излезат на гласање во вториот изборен круг на 2 ноември и да поддржат кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со број 9.

,,Да го дадете гласот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ со реден број 9 и конечно и Чучер Сандево да се вклопи во сликата на Скопје како општина“, заклучи Бајовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите