Бачев: Заев си го виде раатот во политиката, брише се што е македонско и трупа големо богатство од позиција на власт

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод денешната изјава на Зоран Заев за двете години од неговата влада, во изјава за медиумите рече: – „Марионетскиот премиер Зоран Заев го избриша името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. За време на двегодишното владеење на Заев во земјата владее безаконие, криминал и корупција каде Заев и врхушката околу него трупат енормни богатства од позиција на власт.

„Илустративен е примерот со првите двајца луѓе во владата, премиерот и вице премиерот. Зоран Заев од позиција на премиер си зема лиценца за бизинис со дрога кој со семејните бизниси му носи годишна заработка од 100 милиони евра и Кочо Анѓушев кој секој ден го фаќаат со тендери за неговите фирми богатејќи се врз грбот на народот. Патем и самиот Заев го призна ова кога на последниот ТВ дуел на „Само вистина“ со Христијан Мицковски кажа дека фирмите на Заев плаќаат по десетина милиони евра данок годишно, што според даночните стапки значи дека остварува годишна добивка од 100 милиони евра.

Марионетската власт во Скопје купена и контролирана од странски центар избриша се што е македонско и на раат го пљачка народот оти ужива заштита на украденото од своите странски газди од НАТО кои не ги интересира грабежот туку сакаат само марионети кои верно ќе им служат во геноцидниот проект за уништување на македонскиот народ.

Зоран Заев си го виде раатот во политиката, избриша се што е македонско и натрупа големо богатство од позиција на власт. Една од првите задачи на новата народна власт на Единствена Македонија која доаѓа е да расчисти со националното злосторство и економска диверзија врз македонскиот народ, одговорност мора да има“, истакна Бачев.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: Да се дозволи секој да ги објави своите „бомби“

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев од НАТО и ЕУ носи само лоши работи – хомосексуализам, дрога, проституција

Ана Ололовска

Единствена Македонија: НАТО и ЕУ го гарантираат беззаконието на инсталираната власт на Заев во Скопје

Единствена Македонија: Сите 63 советници на Заев правно неписмени, не знаеле дека е незаконски да биде и премиер и министер

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Советот на Европа ги признава Македонците во Бугарија, а Заев ги избриша

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Заев премиерот молчеше, дали Зоран министерот ќе ги одземе украдените 5 милијарди евра од претходната власт