Бачев: Ти благодарам Емануел што не го признаваш предавството на Заев како услов за влез во ЕУ

Од:

„Силно ја поздравувам храброста на претседателот на Франција, Емануел Макрон, откако денеска европската јавност е иформирана зошто Франција го блокира проширувањето на ЕУ со Македонија. Француската позиција дека „нема проширување без зголемување на интеграцијата на Унијата и без испитување во однос на нејзиниот капацитет за апсорпција“ јасно покажува дека националното поништување на македонскиот народ од марионетскиот премиер Зоран Заев за кого цел свет знае дека е инсталиран од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет“, рече претседател на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

„Марионетски влади кои вршат национално предавство врз сопствениот народ нема што да бараат во Унијата. Впрочем, свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди за велепредавство маршал Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.

Единствена Македонија и ја лично сочуствуваме со непријатната ситуација во која е ставен претседателот Макрон оти во скоро време ќе треба реалноста да ја предочи и на марионетата Заев дека недозволиво е една држава да стане членка на ЕУ со национално предавство. Патем, за ова на 28 мај имав корисна средба и со францускиот амбасадор во Скопје, Кристиан Тимоние. Како и да е, голема благодарност Емануел за паметниот чекор на Франција на состанокот на Советот на министри во Луксембург“, изјави денеска Бачев.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска