Претседателот на партијата „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, тврди дека тајните служби од МВР, ги следеле комуникациите во Руската амбасада и дел од лицата кои се вклучени во работата на партијата „Единствена Македонија“. Причината за следењето на комуникациите е поради тоа што партијата на Бачев се залагала за стратешки сојуз со Русија и членство на Македонија во Евроазиската економска унија, рече претседателот на партијата.
„Зоран Заев најави дека нема да се злоупотребуваат тајните служби, истото го кажа и Спасовски. Тајната полиција ги следи политичките противници. Тајните служби ја следат „Единствена Македонија“, бидејќе се залага за сојужништво со Русија. За тоа има и документ на каде се заведени оперативни обработки на конкретни лица од раководството на Единствена Македонија“, рече Бачев.
„Се следи и дипломатскиот кор на Руската амбасада во Скопје, што е спротивно на дипломатските конвенции и самото по себе е дипломатски скандал, бидејќи Виенската конвенција за дипломатски односи забранува вакви активности на домашните служби“, додаде Бачев.
Според Бачев, овие дејствија биле спротивно со Уставот, бидејќи истиот гарантира дека Македонија може да членува во меѓународните организации, но не пишува во кои. Тој вели дека Власта е купена од странски центар, од каде е контролирана.
„Со документот се известува министерот за внатрешни работи, а оттаму, се известува и премиерот, претседателот на Владата, Собранието, државата. Со оперативно и технички дејствија, кои ги користи тајните служби, спрема нас се применуваат три средства, тоа се следење на телефонските линии, фотографирање и тајно видео документирање. Можете да правите се, но нема да дозволите да ни го убиете духот, бидејки ако го направите тоа, тогаш ќе ни го убиете името. Ова е битка за Македонија. Новата легална власт со чело на Единствена Македонија веќе доаѓа“, додаде Бачев.
Кристијан Ландов