• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Бачев со писмо до Ципрас: Не влегувај во авантура со Заев

by А1он15/05/2018 - 13:4615/05/2018 - 14:46478
Share0

Претседателот на Единствена Македонија денека упати писмо до Алексис Ципрас, во кое на грчкиот премиер му препорачува да не се впушта во авантура со премиерот Зоран Заев, за решавање на спорот со името, бидејќи тоа е противправно и против сите меѓународни договори.

Добивај вести на вибер

„Силно сум вознемирен од лагите и авантурата во која е втурната Атина од страна на марионетската власт во Скопје, за едни така сериозни прашања за името, идентитетот и иднината на Република Македонија. Македонскиот народ и поголем дел на граѓаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор помеѓу Македонија и Грција за промена на македонското име и идентитет“, вели претседателот на Единствена Македонија, Бачев, по што додаде дека иднината на Македонија не ја гледа во ЕУ и НАТО, туку во стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија.

Бачев истакна дека Виенската конвенција за договорно право за валидност на еден меѓународен договор потребно е да бидат исполнети два општи услови.

Првиот е да биде вклучен од страна на надлежни органи, што според Бачев, Зоран Заев не може да се смета за овластено лице бидејќи е избран од Собрание со кое претседава според него, нелегален претседател, како и според домашното право кое вели дека вакви договори не може да склучува владата туку претседателот на Републиката.

Вториот услов според Бачев е да постои дозволен предмет на преговарање.

„Договарања за име и идентитет претставуваат недозволен предмет бидејќи според општото меѓународно право и правото на Обединетите нации, името на една држава е прашање на внатрешните околности а не на меѓународното право, и според тоа евентуалено договор за име и идентитет е ништовен“, вели Бачев.

Претседателот на Единствена Македонија изјави дека откако ќе дојде нова легална власт во која ќе биде вклучена и неговата партија, уште на првата седница ќе го поништи таквиот договор како спротивен на домашното и меѓународното право.

Претстојната средба меѓу Заев и Ципрас во Софија, Бачев ја карактеризира како приватна забава меѓу двајцата премиери на која нема да биде донесена никаква одлука во поглед на менувањето на идентитетот и името на Македонија.

Виктор Јованов

edinstvena makedonija

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска27/04/2021 - 12:1627/04/2021 - 12:17

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска19/04/2021 - 13:5519/04/2021 - 14:10

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски29/03/2021 - 15:52

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска26/12/2020 - 16:59

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска15/11/2020 - 15:31

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска14/11/2020 - 13:5114/11/2020 - 13:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен