Бачев: Овој пат ќе победиме оти ова е света борба за опстанок на цел еден народ

Од:

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, придружуван од членовите на Извршнот комитет Драган Угриновски и Ацо Николовски, се сретна со Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР на претстојниот референдум.

dobivaj vesti na viber

На средбата по барање на амбасадорот Петерсен се дискутираше за референдумот на 30 септември, договорот со Грција за менување на името, идентитетот јазикот и историјата на македонскиот народ како и за општата ситуација во земјата.

Бачев го информираше Петерсон дека е свесен за дометот и можноститена ОБСЕ/ОДИХР како наменска институција за потребите на својот странски ментор која со години пишува наменски извештаји, воглавно, тоа се исти пишани страници наредени на компјутери по одреден терк во кои само се менуваат датумите на изготвувањето.

„Всушност, на своевиден начин тоа го потврдува и самото ОБСЕ/ОДИХР која од една страна промовира демократија, владеење на правото, човекови права а од друга страна самиот референдум е дефектен во старт како спротивен на меѓународното право, според кое, секоја држава има право на самопределување и меѓународно правно признато право да носи име по сопствен избор и договорањето за име претставува недозволен предмет на меѓународен договор. Каде е тука демократијата и заштитата на човековите права, за што амбасадорот Петерсен немаше одговор“, соопштуваат од Единствена Македонија.

Притоа Бачев потенцираше дека покрај странците, сериозен проблем претставуваат марионетските власти во Република Македонија кои 27 години се купени и контролирани од ист центар за рушење на Македонија и македонскиот народ.

Во однос на референдумот, Бачев истакна дека Кризниот штаб против референудмот кој е составен од преку 70 организации и настапува под слоганот „Македонија-бојкотира“ е секојдневно со специјално брендиран автобус на средби и митинзи низ државата каде се делат 1 милион флаери.

„Нашата борба е на терен бидејќи клучните телевизии се под целосна контрола на Зоран Заев и немаме никаков пристап. Меѓутоа, без оглед на ова, на 30 септември ќе ја сочуваме македонска Македонија. Марионетската власт во Скопје е во очај и паника оти референдумот нема да успее, нема да им помогнат ниту секојдневните доаѓања на политичари и дипломати од Брисел и Вашингтон кои најдиректно ја кршат Виенската конвенција за дипломатски односи, меѓутоа, свесни сме дека вие како ОБСЕ/ОДИХР не смеете да го напишете ова во вашиот извештај“, посочил Бачев.

На средбата од ОБСЕ/ОДИХР пројавија интерес како се финасира кампањата на Кризниот штаб против референдумот на што било кажано дека „помошта доаѓа од нашите браќа Македонци и сестри Македонки кои работата и живеат во странство“.

На прашањето на претседателот Бачев дали ОБСЕ/ОДИХР го има прашано Заев како ја финансира антимакедонската кампања во милиони евра, немаше одговор.

„Бачев јасно и категорички побара од амбасадорот Петерсен во извештајот, но не оној за сцената, туку оној зад сцената, да пренесе дека без оглед што претставуваат силен противник кој фрла многу пари за уништување на македонскиот народ, овојпат ќе ги победиме, сплотени сме како Македонци, влогот е голем, ова е света борба на сите нас за опстанок на цел еден народ и затоа оваа битка ќе ја добиеме, го имаме нескршливиот аргумент: македонскиот народ и поголем дел од граѓаните не сакаат членство во НАТО и промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, се вели во соопштението на Единствена Македонија.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска