Бачев: Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат?

Од:

Власта синоќа влезе во опасна авантура да оди против волјата на својот народ искажана на референдумот на 30 септември, изјави на денешната прес конференција Јанко Бачев од партијата „Единствена Македонија“

„Македонскиот народ и поголемиот дел од граѓаните на Република Македонија на 30 септември јасно порачаа дека не сакаат членство во НАТО и не сакаат промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“, изјави Бачев.

Тој рече дека партијата „Единствена Македонија“ во соопштението до јавноста од 2 октомври, предупредила дека се во игра по 2 милиони евра по пратеник.

„За жал, поткупот синоќа се потврди. На Зоран Заев устата му е полна со евроатлански интеграции, Европа на владеењето на правото, Европа на почитување на правната држава. Каква е таа Европа во која се даваат по 2 милиони евра на пратеник за гласање за предавство спрема својата татковина или одење во затвор ако не се гласа по нарачка на власта.

Каква е таа Европа во која платеници – терористи се пуштаат од притвор да гласаат, нели власта на Заев се до вчера ги нарекуваше терористи тројцата пратеници кои синоќа не издржаа и гласаа против македонскиот народ и македонската држава.

Каква е таа Европа во која Зоран Заев и врхушката на власт сакаат во НАТО и ЕУ само за да си го заштитат украденото од народот оти НАТО им го гарантира грабежот на народниот имот кој секојдневно го вршат Заев и неговото криминално друштво во власта. НАТО не го интересира грабежот, туку сака само послушни политичари кои му служат верно“, рече Бачев.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Муртезани: Никогаш не сум рекол дека ќе излеземе од Владата ако нема уставни измени на крајот од годината

Лајчак: Членството во ЕУ е најдобрата опција за Македонија, мој совет е да го ставите заедничкиот интерес над партиските интереси

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева