Бачев: И да ги изгласаат уставните измени, ништо не е готово, ќе го притиснеме Иванов

Од:

Уште не е завршено, ова е само дел. И да изгласаат уште не е се завршено. Ако изгласаат, потоа треба да се гласа во Грција. Потоа Заев да испрати писмо дека Македонија го сменила името до ОН. А тогаш Иванов ќе го притиснеме да испрати писмо дека договорот не е валиден. И тогаш се ќе се проблематизира, изјави Јанко Бачев од Единствена Македонија на протестите против уставните измени пред Собранието.

– Иванов мора да го направи тоа, со што ќе каже дека македонскиот народ не се согласува со тоа, рече лидерот на Единствена Македонија.

Бачев гледа спас во Русија, каде тие ќе го поддржат него и Македонија, бидејќи македонскиот народ не се согласува со примена на името.

– Ова е страшен план. Овие осум пратеници нема да имаат мир. Ќе се најдат други пратеници да пропеат, да кажат што се случува. Поткупени уценети, но се ќе се реши. Решени се цврсто вечерва да изгласаат, ама не е ништо готово. Џафери почнал да ги собира пратениците, но ние нема да дозволиме ова да се случи, оти станува збор за нашиот опстанок. Ќе победиме, рече Бачев.

Драган Угриновски изјави дека осумте пратеници се во Собранието сами, додека другите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се во „белата палата“ заклуечни, за како што рече, да не дојдат во искушение.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите