Бачев: Ајде на избори па народот нека одлучи дали е за НАТО и ЕУ или за Русија и ЕЕУ

Од:

Единствена Македонија побара предвремени парламентарни избори во контекст на извештајот на Европската комисија и извештајот на Русија, а кои би се одржале заедно со предвремените претседателски избори по претстојната одлука за аболиција и оставка на претседателот Ѓорге Иванов.

„Вчера видовме една голема манипулативна лага од Зоран Заев, кој се обиде на извештајот на Европската комисија да му даде историско значење иако се работи за вообичаена препорака која претставува неизвесен факт и обично ветување за преговори за членство во ЕУ кое не може со сигурност да се тврди дека и ќе се реализира во наредните петнаесетина години.

Истовремено, Зоран Заев свесно премолчи дека прифаќањето на препораката на Европската комисија од страна на Европскиот совет претпоставува една претходна постапка на целосно обезличување на Македонците со менување на името и идентитетот на македонскиот народ.

Од друга страна, условно кажано, имаме своевиден извештај од Русија, која нуди алтернатива за Македонија и другите држави од Балканот. Значи, на политичкиот терен во Република Македонија сега имаме кристално чиста ситуација.

Од една страна е партијата „Погреб за Македонија“, која ја сочинуваат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и кои велат дека Македонија нема алтернатива за НАТО и ЕУ и нивните либерални вредности, како што се хомосексуализам, истополови бракови, посвојување деца од истополови бракови, дрогирана младина, редефинирање на државното уредување, промена на македонското име и идентитет.

Од друга страна е Единствена Македонија, која вели дека Македонија има алтернатива, што подразбира стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија, што се темели на традиционализмот, национален и религиски идентитет на нациите, почитување на семејните вредности, почитување на територијалниот интегритет, суверенитет и унитарност на Република Македонија, почитување на исконското македонско име и идентитетот на македонскиот народ.

За вака крупно национално и државно прашање за иднината на Македонија и Македонците нема мандат да одлучува ниту еден орган на државната власт. За ваква одлука мандат има единствено македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.

Затоа, Единствена Македонија бара предвремени парламентарни избори на кои народот ќе каже кој пат ќе го фати Република Македонија.

Во однос на времето, најрационално е предвремени парламентарни избори да има заедно со претседателските избори. Едната варијанта е со редовни претседателски избори во март в година да се одржат и предвремените парламентарни избори.

Меѓутоа, многу е веројатно претседателските избори да бидат предвремени бидејќи претседателот Иванов веќе е при крај со размислувањето да даде помилување за Никола Груевски и неговата група и веднаш да поднесе оставка за да го избегне притисокот од странците како во случајот со аболицијата од пред две години и при давањето на мандатот на Заев кога странски емисари упаѓаа во резиденцијата на Водно и го премислуваа Иванов.

Како и да е, ајде да се соочиме со народот на избори за историската иднина на Република Македонија – членство во НАТО и Европската Унија или стратешки сојуз со Русија и членство во Евроазиската економска унија“, порача претседателот на партијата, Јанко Бачев.

Би можело да ве интересира

Единствена Македонија: 27 април е еден од светлите датуми во поновата македонска историја, одговорност за монтираните осуди мора да има

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Потребно е вештачење и дијагноза за психичката состојба на Џафери и заразените пратеници со скафандери

Ана Ололовска

„Марионетската влада на Заев да не ја купува сомнителната вакцина АстраЗенека“, повика партијата на Бачев

Жарко Настоски

Единствена Македонија: Одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации

Ана Ололовска

Единствена Македонија: Захариева, Каракачанов и Ковачев да се прогласаат за „персона нон грата“

Ана Ололовска

Единствена Македонија до фудбалерите: Паричната награда за вас е навредлива, донирајте ги парите за медицинските лица

Ана Ололовска