Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патот Штип – Миладиновци и Маврово – Дебар

Од:

Поради превртено возило, денеска од 16:00 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец Штип – Миладиновци.

Како што информираа од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), забрана за сообраќај за тешки товарни возила има и на кракот Маврово – Дебар.

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Стража, Маврово, Гостивар, Дебар, Крушево, Кичево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Пресека.

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на планинскиот превој Ѓавато.

Би можело да ве интересира

Зимска идила на Попова Шапка со 74 сантиметри снег

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка

Количината на снег во Москва достигна рекорд во последните 72 години

А1он

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево поради обилни снежни врнежи

Горан Наумовски

Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар е нормализиран

Катерина Ѓуровски