ВИДЕО: Автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ – нов симбол на Скопје, најавија Заев и Шилегов

Од:

Во наредните 18 месеци се очекува да биде готов автомобилскиот висечки мост „Љубљанска“ што ќе ги поврзува улицата „Скупи“ со булеварот „Илинденска“.

Овој прв висечки мост во Скопје е предвидено да има 4 коловозни ленти и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на коловозот. Вкупната должина на сообраќајницата изнесува 940 метри, а должината на самиот мост изнесува 113 метри. Вредноста на овој договор изнесува 382,5 милиони денари со вклучен ДДВ, соопштува Град Скопје.

Како што најавија премиерот Зоран Заев, првиот заменик–премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев кои направија увид во почетокот на изградбата на мостот, се работи за капиален пропект и архитектонско чудо кое има претенција да стане нов симбол на Скопје.

-Мостот „Љубљанска“ е прв висечки и ќе биде запамтен како архитектонско чудо. Ќе ја растовари и избалансира сообраќајната фреквенција, ќе овозможи брз пристап од скопската Обиколница до Општина Карпош, поврзување на општините Ѓорче Петров, Бутел, Чаир и Шуто Оризари, ќе значи нова и подобра комуникација не само на Скопје, туку и на граѓаните, истакна премиерот Заев.

– На мое огромно задоволство, за само четири години во Скопје почнуваме да градиме втор мост. Првиот се гради меѓу општините Аеродром и Гази баба, а сега градиме овде, во Карпош. Овој мост значи спојување на градот, спојување и комуникација на луѓето, мост кој што е од многу важно значење за понатамошниот развој на градот зашто во оваа фаза од Илинденска се спојуваме на улицата Скупи, а во следната фаза продолжуваме до булеварот Словенија, за да можат граѓаните од Ѓорче Петров, од Волково и од Ново село да бидат блиску до останатиот дел од градот. Со овој мост карпошани ги поврзуваме со обиколницата, имајќи предвид каква инфраструктура гради Градот на потегот кај Момин поток. Овој мост немаше да го реализираме ако ја немавме несебичната помош и поддршка од Владата на Република Северна Македонија која со прераспределбата на средствата на ТАВ за изградба на карго аеродромот во Штип додели околу 380 милиони денари на Град Скопје за изведба на овој мост – прв висечки мост, архитектонско чудо кое што има претензија да стане ново обележје на нашиот град – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој најави дека изградбата на мостот ќе заврши за околу 18 месеци, на средината на 2023 година, кога ќе може да се користи овој мост.

– Посветено работевме, посветено работиме, посветено ќе работиме на вистинските приоритети на нашите граѓани, на вистинските приоритети на Скопје – нагласи Шилегов.

На настанот што го организира Град Скопје, присуствуваат и претставници од раководството на компанијата ТАВ, Метин Батак, Неџат Курт и Фатих Кан.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он