Автомобил експлодирал покрај министерката за одбрана Петровска: Сѐ е во ред

Од:

Автомобил експлодира на булеварот „Кочо Рацин“ во близина на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ додека во непосредна близина се движела министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Информацијата за „А1он“ ја потврди Петровска која што го забелажала настанот.

Прашана дали се сомнева дека е загрозена нејзината безбедност, таа за „А1он“ негираше.

„Се е океј, чиста случајност. Јас одев пешки од спротивната страна на булеварот и во тој момент експлодираше возилото. Нема никаква врска со мене и колку што знам нема повредени, возачот на возилото е добар“, вели Петровска за “А1он”.

На терен е испратена и увидна екипа на МВР, а откако е изгаснат пожарот од противпожарната бригада на Скопје.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Судскиот процес Славјанка Петровска против Драган Ковачки почнува утре

Петровска: Пратениците мора да покажат политичка зрелост за уставните измени

Министерката за одбрана поднела тужба против Ковачки, ќе бара постапка отворена за јавноста

Шкријељ: Ковачки го покажа вистинското, грдо лице на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Петровска сама го нарачала извештајот за психичката состојба, доколку е вистинит треба да си поднесе оставка