Австрија со максимална поддршка за Македонија

Од:

Македонија може да смета на австриска поддршка за деблокада на статус кво состојбата во ЕУ интеграцијата, изјавил австрискиот претседател Хајнц Фишер на средбата со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Според иформациите од кабинетот на Иванов тој истакнал дека сите добиваат со деблокадата на процесот. Република Македонија, како што посочи, ќе го продолжи својот пат, Републкика Грција ќе има поевропски сосед и по стандарди и критериуми, а деблокадата ќе биде добра вест и поттик за другите земји од регионот.

„Република Македонија е еднакво отворена и сака да гради односи на добрососедство и да ја максимизира соработката со сите свои соседи. На Балканот, ЕУ-интегративните процеси се алатка за надминување на билатералните разлики. Поголемата комуникација и соработка меѓу соседите само ќе ја зголеми веројатноста за надминување на разликите мегу балканските држави, а паралелниот процес на интеграција ќе го донесе долго посакуваниот мир, стабилност и просперитет на Балканот“, рекол Иванов.

Иванов за време на посетата на Виена попладнево ќе се сретне со претседателот на Меѓународната Паневропска унија, Ален Тереноар, како и со пратеникот на ЕП и претседател на Паневропа за Германија, Бернд Поселт, а вечер ќе се обрати на Конгресот „90 години од Паневропа“.

Би можело да ве интересира

Нов баланс на моќ: Европа брзо ја презема улогата на американската разузнавачка служба во Украина

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Студената порака на Киев: Украина ги отфрла празните ветувања на Западот

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

ЕУ го презема првиот чекор против САД: Клучниот договор со Америка е суспендиран