А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Аврамопулос: Се уште немаме започнато разговори со новата Влада за преселба на мигранти во Македонија

by А1он13/06/2017 - 16:53236
Share0

Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство на Европската унија, Димитрис Аврамопулос, денеска од Стразбур порача дека Европската комисија се уште не почнала разговори со новата Влада на Република Македонија во однос на прием и подолго сместување на поголем број на мигранти на македонска територија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што јавува дописникот на МИА, Аврамопулос не сакаше да потврди дали ЕУ стои зад изградба на голем бегалски камп за прием на повеќе илјади бегалци во Демир Капија, со цел прием на поголем дел од 100-те илјади бегалци сместени на територија на Грција, но не негира дека Брисел планира да започне разговори со новата македонска Влада за помош во преселбата и разместувањето на бегалците.

– Немам ништо да потврдам. Ние се уште не сме почнале дискусии со новата Влада на Македонија. Во моментот кога ќе почнат дискусиите, да, ние сме тука да поддржиме и да им помогнеме на сите земји во регионот, како што тоа и досега го правевме, истакна коемсарот Аврамопулос.

Првиот човек за миграциски прашања на ЕУ, потсети и дека Македонија е корисник на важна финансиска поддршка од Еврокомисијата за бегалската криза, па од нашата земја, како и од останатите долж западно-балканската мигрантска рута, тој побара солидарност со своите соседи во справувањето со мигрантскиот наплив.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Она што го сакаме од сите земји во регионот, од земјите од Западен Балкан или од тие што се на таканаречениот балкански коридор е да соработуваат со соседите во духот на солидарност, за што ќе имаат целосна поддршка од Европската комисија. Но, досега не се започнати никакви дискусии со новата Влада на земјата, иако се надеваме дека многу наскоро тоа ќе се случи, додаде Аврамопулос.

avramopulosmigranti

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он25/09/2026 - 20:19

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ18/09/2026 - 15:1218/09/2026 - 15:13

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:39

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Горан Наумовски06/09/2026 - 16:27

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 17:30

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Горан Наумовски24/08/2026 - 22:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео