Атина сака решение за името, но за жал недостасува напредок во имплементацијата на реформите во Македонија, рекол грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос на вчерашната средба со американскиот државен секретар Џон Кери во Брисел.
Оваа информација ја објави весникот „Та Неа“ повикувајќи се на свои дипломатски извори.
Според „Ризоспастис“ пак, на средбата е разговарано и за прашањето за името, врз основа на новиот предлог на медијаторот Метју Нимиц.
Официјални информации за средбата на двајцата министри, за која е само сигурно дека станало збор за прашањето за името, се уште нема, јави дописникот на МИА од Атина.