АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во контекст на денешното глобално одбележување на Светскиот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на длабокото влијание на вештачката интелигенција врз новинарството и медиумите, во денешното соопштение потсетува дека само професионални и независни медиуми можат да придонесат за одржлив општествен и демократски развој во ерата на брзи технолошки промени.

-Слобода на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци. Но со развојот на вештачката интелигенција оваа слобода добива ново значење и се соочува со нови предизвици, велат од АВМУ.

Вештачката интелигенција, како што посочуваат во соопштението, отвора нови можности за унапредување на истражувачкото новинарство, автоматизација на создавањето содржини и забрзана проверка на факти, но носи и значајни ризици во поглед на генерирање дезинформации, лажни вести и манипулативни видеа.

-Вештачката интелигенција претставува вреден ресурс во новинарската практика, но таа не смее да биде целосна замена за темелната проверка, критичкото размислување и објективноста. Во оваа нова реалност, од суштинско значење е медиумите внимателно и одговорно да ги користат овие алатки, придржувајќи се до највисоките етички и професионални стандарди во своето работење, се наведува во соопштението од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Ново откритие со ВИ: Идентификувани два подтипови на мултиплекс склероза