АВМУ со поддршка на протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, кој е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои тие работат.

„Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради што ваквото однесување во ниту случај не смее да стане пракса.

Само медиумските професионалци кои се ослободени од било каков притисок и на кои не им се загрозени работничките и човековите права, можат да придонесат за развојот на демократијата и за зачувување и промовирање на слободата на изразување и слободата на информирање“, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов

АВМУ: Недолични се зборовите што пратеникот Димитар Апасиев ги упати кон новинарот Љупчо Златев на социјалните мрежи

Ана Ололовска

АВМУ: Неприфатлив е недоличниот однос на министерот Бектеши кон новинарката на ТВ Канал 5

АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

АВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Ана Ололовска