АВМУ: Родовата стереотипизација најчесто присутна во платените политички реклами

Од:

Медиумското покривање на изборната кампања забележително тежнееше кон промоција на мажите – кандидати за пратеници и машкиот поглед и експертиза за случувањата околу изборите. Кандидатките беа ставени во сенка на своите колеги мажи, имаа помалку пристап до различните форми на промоција на нивните платформи и нивните профили и пораки остануваа анонимни, односно нечуени и невидени од јавноста, покажа истражувањето „Родот во изборната кампања 2020: Анализа на родовите прашања и начинот на прикажување и претставување на жените и на мажите во изборното медиумско претставување на националните телевизии“.

Истражувањето го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), а за најзини потреби го изработи тим на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС). Достапно е на посебниот банер „Родот и медиумите“ на веб страницата на Агенцијата: https://avmu.mk/wp-content/uploads/2021/06/Finalna-analiza-na-rodovi-prasanja-v.6-final-so-korica.pdf.

Примерокот за анализата беа вкупно 2056 медиумски содржини: прилози во дневноинформативни емисии, интервјуа, дебати и спотови на платено политичко рекламирање кои беа поврзани со Предвремените парламентарни избори спроведени во Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година, емитувани во периодот од 24.06 до 12.07.2020 година на националните терестријални телевизиски сервиси во земјата: МРТ 1 и МРТ 2, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма.

– Во прилозите за изборната кампања, од вкупно 134 претставници на политички партии, 128 беа мажи, наспроти шест жени. Во дневно информативните емисии на изборни теми, како примарни субјекти се појавуваа 86 проценти мажи, наспроти 14 отсто жени, покажа истражувањето.

Имено, квалитативната анализа на содржината на дневноинформативните емисии, меѓу другото покажала дека во девет прилози претставувањето на жените беше сексуално објективизирано, додека во шест прилози била забележана стереотипизација врз основа на родовите улоги претпоставени од општеството.

– Родовата стереотипизација најчесто беше присутна во платените политички реклами. Таа се забележуваше во однос на општествените улоги на жените и на мажите, особено во делот на грижата за семејството, храброста и херојството и професиите. Ваквата поставеност на медиумското известување во однос на изборната кампања во голема мера е паралелна и со родовиот (дис)баланс во медиумското известување во светот, генерално, наведоа од АВМУ, врз основа на податоците добиени од истражувањето.

Би можело да ве интересира

АВМУ: Радиодифузерите лани со приход од 2.382,61 милион денари, најнизок во последните пет години

Ана Ололовска

АВМУ: Во август медиумите не го прекршиле Изборниот законик при известување за Локалните избори 2021

Ана Ололовска

АВМУ ја отвори јавната расправа за нацрт-упатство за платеното политичко рекламирање за локалните избори

А1он

ДЗР го објави извештајот за работењето на АВМУ

Ана Ололовска

АВМУ: Навредите кон новинарите на протестот – директен напад врз слободата на медиумите

Ана Ололовска

Собранието донесе одлука за распишување конкурси за членови на советите на АВМУ и на МРТ