АВМУ: Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите велат од АВМУ.

– Носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат и за тежината на секој нивен јавно искажан збор. Наместо да употребуваат наративи со кои се дискредитираат и се врши притисок врз медиумите, тие треба да бидат пример за одговорно и професионално однесување. Истовремено, Агенцијата потсетува дека улогата на медиумите е да информираат и да отвораат прашања кои се предмет на јавен интерес, поради што сите релевантни чинители во државата треба да вложат максимални напори за обезбедување поволен амбиент за јакнење на слободата на медиумите и на уредничката независнот и самостојност се наведува во реакцијата од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

ГРОМ: Згрозени сме од одлуката на АВМУ Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори

Катерина Ѓуровски