АВМУ: Попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање

Од:

„Во врска со спречувањето на новинарските екипи на „Радио Лидер“ и на „Курир“ да ја проследат посетата на владини претставници на фабриката „Пекабеско”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање“, велат од АВМУ.

„Медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи и треба да им се овозможи слободен пристап до сите настани, имајќи ја предвид нивната улога во отворањето прашања од јавен интерес и обезбедувањето транспарентност и одговорност на јавните органи“, додаваат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on