АВМУ: Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Нападите и заканите кон новинари се неприфатливи и сите надлежни органи мора да ги преземат потребните мерки за да се создаде опкружување во кое ќе постојат професионални, слободни и независни медиуми.

За да се овозможи демократски развој на државата, од суштинско значење е новинарите да бидат безбедни во секој момент и да им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работа, односно да можат навремено да ги информираат граѓаните за различни општествени случувања, без закани и заплашувања“, велат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи