АВМУ: Осуда за нападите на новинарските екипи, медиумите објективно и непристрасно да известуваат

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски (АВМУ) услуги најостро го осудува насилството врз новинарите и новинарските екипи, за време на вчерашните случувања во Собранието на Република Македонија.

– Во такви тензични мигови, од огромно значење е да им се овозможи на медиумските професионалци непречено и безбедно да ја извршуваат својата работа. Тие се таму за да ја информираат јавноста за актуелните општествено-политички настани и оттаму, секое насилство врз нив е неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на изразувањето, стои во соопштението од Агенцијата.

Истовремено, Агенцијата потенцира дека во вакви ситуации и медиумите треба да бидат дораснати на тежината на својата улога и да ја преземат одговорноста да известуваат објективно и непристрасно, да не пренесуваат шпекулации и непроверени информации, но и да не сокриваат факти и да не ја подгреваат тензијата.

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик