АВМУ: Мизогинија и сексизам на програмите на три радио станици

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека кампањата за „сите пре-еманципирани жени“ во продукција на Сити Радио, Клуб ФБ и Метрополис Радио Мрежа, претставува дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам.

Од АВМУ констатираат дека се крши Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и дека радиодифузерите кои ја продоцуирале оваа кампања, се однесуваат на начин кој е непоимлив и целосно неспојлив со професионално однесување.

Во кампањата, еманципацијата на жените и на мажите се поставуваат како два процеси кои меѓусебно се исклучуваат, се вели во соопштението на АВМУ.

– Еманципацијата и стремежот на жените да го достигнат максимумот во своите кариери се претставува како негативна појава, успешните жени се подложуваат на потсмев и омраза, а на децата и младите од обата пола им се испраќа порака дека не се еднакви и дека не треба да се стремат кон еднаквост, велат од АВМУ.

До трите радија биле упатени известувања за констатирано прекршување на Законот.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски