АВМУ: Медиумите обезбедија генерално еднакво изборно претствување

Од:

Програмските сервиси на државно ниво опфатени во првиот круг од локалните избори генерално обезбедија еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медуимски услуги.

Според АВМУ, голем дел од нив вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците во изборниот процес, но како што потенцираат од Агенцијата, дел од кандидатите учествувале во посебните информативни емисии кај едни медиуми, а не одговарале на повици на други медиуми.

Јавниот радиодифузен сервис и Собранскиот канал ги исполниле обврските да обезбедат бесплатно политичко претставување кое учесниците во изборната кампања го искористиле со различен интензитет. како што посочуваат од АВМУ, карактеристоично е што партиите на Албанците во Македонија не ја искористиле можноста за бесплатно претставување.

Во последните девет дена од изборната кампања од 5 до 13 октомври радиодифузерите што емитувале програма на македонски јазик, во вестите биле фокусирани на известување на кампањите на двете коалиции кои имаа најголем број потврдени листи со кандидати за градоначалници и советници. едната предводена од СДСМ, другата од ВМРО-ДПМНЕ. Радиодифузерите, пак, што емитуваат програма на албански јазик, имале квантитативно повоедначен пристап во известувањето, а и едните и другите квалитативно настојувале да обезбедат еднаков третман.

Во овој извештаен период не било констатирано прекршување на барањето за правично избалансирано и непристрансо покривање на изборите.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ