АВМУ го осудува повикувањето на новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст

Од:

– Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите.

Апсолутно е неприфатливо да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како обид за заплашување, што пак придонесува за појава на самоцензура. Ваквите случаеви негативно се одразуваат врз слободата на информирање.

Агенцијата потсетува дека секој којшто смета дека одреден медиум му го нарушил угледот и честа со објавување нецелосни, непроверени или неточни информации, има право да побара од медиумот објавување на демант, одговор и исправка, или да поднесе претставка до саморегулаторните тела за медиуми.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски