АВМУ: Финансиска поддршка за надомест на средствата за дозвола за Радио и ТВ емитување

Од:

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари, на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи по основ на неплатен годишен надоместок за радио и телевизиско емитување. Воедно, одлучено е да не се покренуваат нови постапки за одземање заради неплаќање на надоместокот за дозволите за 2021 година.

– На сите радиодифузери, кои имаат извршено целосна или делумна уплата на надоместокот за дозволата за радио или телевизиско емитување во 2021 година, Агенцијата ќе им ги врати средствата најдоцна до 13 март 2021 година. Радиодифузерите на кои им е издадена фактура за годишен надоместок за дозвола, а истиот го немаат платено, како и радиодифузерите на кои допрва ќе им биде доставена фактура, немаат обврска за плаќање бидејќи нивната обврска во целост е исполнета со финансиските средства од пакетот економски мерки, соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Дополнително, од Агенцијата ги информираат радиодифузерите дека издадените фактури за годишниот надоместок за дозвола за телевизиско и радио емитување во 2021 година им служат само за нивна евиденција и за истите нема да можат да вршат поврат на данокот на додадена вредност, бидејќи се платени во целост од средствата одобрени со Одлуката на Владата на Република Северна Македонија.

Оттаму посочуваат дека Агенцијата во рок од 15 дена од завршувањето на овие активности ќе достави извештај до Владата и до Управата за јавни приходи за искористените средства од пакетот економски мерки, а преостанатите неискористени средства ќе бидат вратени на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски