АВМУ: Двете вработувања се на определено време за мониторинг на претседателските избори

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги во врска со информацијата дека Државната комисија за спречување на корупцијата отворила предмет за две вработувања во Агенцијата што се случиле за време на изборен процес денеска преку соопштение реагира појаснувајќи дека тие се во функција на испочнување на нивната законска обврска за следење на изборното медиумско претставување за претседателските избори.

-Согласно Изборниот законик, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е должна да го следи изборното медиумско претставување од денот на распишување до завршувањето на изборите. Имајќи го предвид бројот на радиодифузери, Агенцијата нема ни приближно доволно човечки ресурси за спроведување на надлежностите и обврските утврдени со Изборниот законик, поради што години наназад за време на изборни циклуси ангажира надворешни соработници за мониторинг на програмите како и за изготвување мерки за констатираните прекршувања – на пример, за време на локалните избори 2017 беа ангажирани 24 лица, од кои три правници. Соработниците се ангажираат преку Агенција за привремени вработувања, врз основа на утврдените потреби и барања од секторите во Агенцијата чија работа е поврзана со изборните процеси. Работниот ангажман на овие соработници е со ограничено времетраење, односно до завршување на активностите на Агенцијата поврзани со изборите, наведуваат од АВМУ.

Што се однесува до „двете вработувања во АВМУ кои се случиле за време на изборен процес“, потврдуваме дека врз основа на претходно поднесено барање од Секторот за правни работи, ангажирани се двајца правници. Воедно, информираме дека откако беа распишани изборите на 8 февруари, ангажирани се и седум соработници за мониторинг на програмите, додека по отпочнување на кампањата на 1 април дополнително ќе бидат ангажирани уште 15-тина соработници.

-Ваквиот ангажман е во согласност со Изборниот законик, кој предвидува дека може да се започнуваат постапки за вработување, во случај на итни и неодложни работи. Потврда за ова се и претходно доставените мислења од Државната комисија за спречување на корупцијата дека нема законска пречка Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да ангажира надворешни соработници за мониторинг и за изработка на прекршочни постапки за време на избори, стои во соопштението.

Агенцијата и стои на располагање на ДКСК и ќе и ја достави потребната документација, веднаш откако истата ќе биде побарана, посочуваат од АВМУ.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО против екс градоначалникот Коневски за бесправно добивање деловен простор

Од 56 иницијативи на Антикорупциска за покренување постапка за крвично гонење ниту една не е процесуирана

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов