АВМУ: Доколку новинарите на кој било начин се спречени да дојдат до бараната информација треба да ја информираат јавноста

Од:

Во врска со вчерашниот инцидент помеѓу лица вработени во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје и новинарска екипа на ТВ Клан, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека сите треба да се однесуваат пристојно и достоинствено особено при вршење на своите работни задачи.

„Јавните институции треба да бидат отворени и транспарентни и да вложат максимални напори на претставниците на медиумите да им овозможат непречен пристап до информации при известување за теми кои се во интерес на јавноста.

Доколку новинарите на кој било начин се спречени да дојдат до бараната информација за тоа треба да ја информираат јавноста. Воедно, при вршењето на својата работа, медиумските работници треба да покажат професионална одговорност, да ги почитуваат етичките и новинарски принципи и стандарди при известувањето и да го чуваат угледот на својата професија“, соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски