АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Од:

Во врска со одлуката на Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) да ѝ додели 5 милиони денари на непрофитната медиумска организација Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), заради поддршка на „критичните гласови кои известуваат за теми кои се важни за граѓаните и ќе им помогнат да носат информирани одлуки“, како што се прецизира во одлуката, се вели во реакцијата на Здружението на интернет портали Онлајн Медиа.

„Ова е прва одлука со која АВМУ доделува донација на еден издавач на еден онлајн медиум. Бидејќи за реализацијата на оваа одлука се очекува позитивно мислење од Министерството за правда, укажуваме на фактот дека онлајн медиумите (интернет порталите) и нивните издавачи немаат регулиран статус во Законот за медиуми, односно во светлината на тој закон тие de jure не постојат. Трансферот на државни пари на ентитети кои Законот на медиуми не ги препознава како медиуми во основа е спорен од аспект на легалноста на таквата одлука.

Од тие причини, сметаме дека постои сериозна правна пречка за реализацијата на донацијата од АВМУ во полза на ИРЛ, со наведената намена, односно поврзана со улогата на ИРЛ како издавач на медиум и креатор на медиумски продукти.

Со цел во иднина да се отстранат ваквите пречки и да се превенираат други проблеми кои произлегуваат од нерегулираниот статус на интернет порталите во Законот за медиуми, ги повикуваме надлежното Министерство за информатичко општество и администрација и Владата итно да предложат соодветни измени и дополнувања на Законот за медиуми, какви што Здружението Онлајнмедиа предлага повеќе од една година.

Здружението Онлајнмедиа ја повикува АВМУ да го осознае фактот дека во македонските медими, како во т.н. традиционални така и во онлајн-медиумите, постојат повеќе од еден критички гласови, повеќе медиумски организации кои известуваат за криминал, корупција и за други теми од јавен интерес, со кои на граѓаните им помагаат да носат информирани одлуки. Сите тие медиуми и медиумски организации требало да бидат информирани за намерата на АВМУ да донира државни пари со ваква намена и сите требало да добијат можност, во транспарентна постапка и врз основа на јавно објавени критериуми, да побараат ваква поддршка.

Здружението Онлајнмедиа смета дека во случајов, со фаворизирање на само еден медиум, е прекршен принципот на транспарентна распределба на државни пари врз недискриминирачка основа, без оглед на претпоставката за добрите намери и на директорот на АВМУ и на Советот на оваа институција. Нагласуваме дека со арбитрерно, фаворизирачко и нетранспарентно субвенционирање на одделни собјекти со пари од даночните обврзници се создава основа за коруптивна пракса во дејноста и за дисторзија на медиумскиот пазар.

Поради тоа, Здружението Онлајнмедија ја повикува АВМУ да ја запре натамошната постапка за доделување на оваа донација, да ја повлече својата одлука и потоа јавно да ги информира сите медиуми за својата намера да додели донација со намената каква што е опишана во одлуката, како и со критериуми за аплицирање за донации. Дури потоа, во законски предвидената постапка, АВМУ би можела да донесе правилна одлука на која медиумска организација или организации ќе ја додели донацијата во висина од 5 милиони денари, доколку е оценето дека за тоа постои итна потреба.

Здружението Онлајнмедиа уште еднаш сака да нагласи дека било каков трансфер на државни пари во медиуми чии основачи се приватни трговски друштва или невладини и профитни организации, мора да биде предмет на системско решение, кое ќе обезбеди високо ниво на недискриминација, трансппарентност и отчетност“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски

Владиката Петар отвора телевизија, ќе емитува квизови, вести и спорт во следните девет години

Орце Костов