АВМУ: БЕСА врши притисок врз Агенцијата

Од:

Во врска со денешната објава на Движењето Беса преку Фејсбук статус дека е поднесена кривична пријава против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и претседателот на Советот на Агенцијата заради „пречекорување на овластувањата и злоупотреба на службената должност, сакајќи да им му наштети на Движењето БЕСА“, би сакале јавноста да ја известиме, а на Беса да и укажеме за следново:

Во Изборниот законик е точно утврдено дека право на изборна кампања имаат само учесниците во изборната кампања, а тоа се листи на кандидати за избор на пратеници кои се потврдени од Државната изборна комисија. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) обезбедуваат време за платено политичко рекламирање само за овие учесници.

Државната изборна комисија ја има потврдено листата на кандидати за изборите што ќе се одржат на 15 јули, според која Движење Беса – Беса е дел од Коалиција Можеме. Оттаму, имајќи предвид дека оваа партија не настапува самостојно, може да добие време за платено политичко рекламирање само и исклучиво во минутите наменети за споменатата Коалиција.

Инаку, нацрт верзија на упатството за лимитите за платено политичко рекламирање беше ставена на јавна расправа на 3 март и до неговото усвојување на 15 јуни, Беса немаше доставено ниту една забелешка. Упатството е донесено едногласно од сите членови на Советот на Агенцијата.

Изјавите за поднесена кривична пријава не може да сфатат никако поинаку освен како обид за притисок врз Агенцијата, особено пред утрешната седница за кога е предвидено донесување ново упатство за платено политичко рекламирање врз основа на последната Уредба на Владата која се однесува на изборниот процес.

Ова не е прв обид за притисок, особено во специфични периоди како што се изборните. Како и досега, Агенцијата ќе продолжи да постапува професионално и законски и да води сметка за обезбедување рамноправен пристап до облиците на медиумско преставување на сите учесници во изборниот процес и нема да задоволува поединечни партиски интереси.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Движење Беса: Ниту грам човечко чувство не остана меѓу министрите на ДУИ-СДСМ и нејзините сојузници

Горан Наумовски

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари