„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за Ковид-19

Од:

„Авицена лабораторија“ почнувајќи од 17.6.2021 година, ги намали цените на тестовите за Ковид-19 за своите клиенти, и со тоа новите цени се следните:

 Ковид-19 молекуларен PCR-тест за едно лице чини 2.000 денари
 Ковид-19 молекуларен PCR-тест за две лица чини 1.800 денари (цена по лице)
 Ковид-19 молекуларен PCR-тест за 3 или повеќе лица чини 1.600 денари (цена по лице)
 Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за едно лице чини 4.500 денари – резултати за само еден час
 Ултрабрз ковид-19 PCR-тест за две лица чини 4.000 денари (цена по лице) – резултати за само еден час

Резултатите се издаваат истиот ден со бесплатен превод на англиски јазик, а тестовите се работат секој ден во неделата, односно од понеделник до сабота од 07.00 до 19.00 часот и недела од 08.00 до 13.00 часот во лабораторијата во населба Тафталиџе во Скопје, како и во лабораторија во Тетово секој работен ден од 07.00 до 14.00 часот и сабота од 08.00 до 14.00 часот.

Со секој напрaвен молекуларен PCR-тест за ковид-19 почнувајќи од денес 17.6.2021 до 4.7.2021 година, „Авицена лабораторија“ обезбедува и бесплатен тест за одредување неутрализирачки IgG антитела кон SARS-CoV-2 (антитела кон s-spike протеинот). Ова е високосензитивен тест што дава информација за имунолошкиот одговор на организмот по контакт со вирусот, односно по спроведена вакцинација.

„Авицена лабораторија“ е најголемата специјалистичка дијагностичка лабораторија во државата со повеќе од 120 вработени и над 16 години искуство и претставува една од првите лаборатории во државата која поседува меѓународен Сертификат за акредитација за квалитет и компетентност на медицински лаборатории, во согласност со стандардот MKC EN ISO 15189:2013.

Овој сертификат одговара на меѓународните барања и протоколи за патување во различни земји, со што резултатите за ковид-19 издадени од „Авицена лабораторија“ се валидни и ги исполнуваат условите за патување во странство.

За подетални информации посетете ја веб-страницата www.avicenalab.com.mk

ПР текст

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Авицена Лабораторија отвора нов уникатен простор за прием на деца

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Авицена Лабораторија започнува со работа на нова локација во населбата Аеродром