Ауреску: Новата методологија да не биде оправдување за ново одлагање

Од:

Министерот за надворешни работи на Романија, Богдан Ауреску, денеска порача дека новата методологија за пристапните преговори не смее да биде ново оправдување повторно да се одложи отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Ја поддржуваме одлуката за отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија што е можно побргу. Ќе ја слушнеме презентацијата на Европската Комисија за ревидираната методологија, ќе разговараме за тоа, можеме да ја направиме оваа методологија поефикасна, но единствен услов е таа да не ги блокира или одложи тековните процеси, посебно со Албанија и Северна Македонија изјави Ауреску.

Министрите за надворешни и европски работи на ЕУ денеска во Брисел ќе бидат брифирани од Европската Комисија за ревидираната методологија за преговарање и за реформскиот напредок во Албанија и Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната