АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Од:

На Американскиот универзитет на Европа – ФОН успешно заврши обуката на првата генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија. Обуката за сајбер безбедност, односно Bootcampot којшто беше организиран заедно во соработка со ThriveDx траеше 6 месеци, по што секој апликант по завршувањето на обуката добива меѓународно признат сертификат, кој што нема временско ограничување.

Првата група на слушатели на обуката за сајбер безбедност го комплетираше курсот кој предвидува 480 часа теориски и практични активности. Со стекнатото практично и теориско знаење и вештини со овој Bootcamp, слушателите се квалификуваат за 5 различни професионални улоги во сајбер безбедноста усогласени со NICE работната рамка и NIST специјалната публикација 800-181 како што се: специјалист за мрежни операции, специјалист за справување со сајбер инциденти, форензички сајбер аналитичар, аналитичар во сајбер безбедност и специјалист за сајбер инфраструктура.

„Академијата за сајбер безбедност на АУЕ – ФОН овозможува обука на професионалци кои ќе бидат подготвени за превенција и решавање на опасностите во дигиталниот свет, со цел да обезбедат заштита на податоците на компаниите и нивните корисници. Како дел од неформалното образование на АУЕ – ФОН, целта на Академијата за сајбер безбедност е да ги подготви поединците за транзиција во нова и возбудлива кариера во сајбер безбедноста, како барана и профитабилна професија“, изјави генералниот директор на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, м-р Сефер Цаноски.

Првиот Bootcamp или обуката за сајбер безбедност која што ја организираше Американскиот универзитет во Европа – ФОН е единствен во државата, а задоволството е уште поголемо затоа што со соработката со ThriveDx, Универзитетот стана регионален центар за сајбер безбедност, а со тоа и дел од листата на признати американски универзитети кои што реализираат ваков тип на обуки.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

Првиот приватен универзитет АУЕ – ФОН со повеќе од 12.000 алумни

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

АУЕ – ФОН стана дел од Балканската асоцијација на економски универзитети