АУЕ – ФОН и приватниот универзитет за економија, бизнис и претприемништво ВУЗФ од Софија со заеднички европски дипломи и нови докторски студии

Од:

Американскиот универзитет на Европа -ФОН со нови регионални можности за докторски, магистерски и додипломски студии од областа на економијата, бизнисот и претприемништвото во соработка со приватниот универзитет ВУЗФ од Софија, Република Бугарија. Ова е договорено во рамките на денешната работна средба помеѓу ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушева и ректорот на приватниот универзитет ВУЗФ, проф. д-р Борис Велчев.

На средбата беше потпишан и меморандум за соработка меѓу АУЕ – ФОН и ВУЗФ, со што се создава основа за развивање на заеднички студиски програми, преку кои студентите од Македонија и Бугарија ќе имаат можност да се стекнат со двојни дипломи од двата универзитети.

Во таа насока, новите студенти, постоечките, како и алумните од АУЕ – ФОН кои студираат или студирале деловна економија, бизнис менаџмент, финансиски и банкарски менаџмент, маркетинг и спортски менаџмент, ќе можат преку полагање на дифиренцијални предмети да се стeкнат со дополнителна диплома од областа на претприемништвото, сметководството, осигурување, меѓународна економија или други студиски програми коишто ги овозможува ВУЗФ универзитетот.

Меморандумот за соработка истовремено овозможува да се имплементира праксата на мобилност на студентите за студирање во странство, размена на научни материјали, публикации и информации, како и мобилност на академскиот кадар, посета и меѓусебна размена.
Дополнително, согласно Меморандумот се воспоставува основа за истражувачка соработка за двата универзитети и за студентите, како и можност за организирање на меѓународни конференции и аплицирање за финансирање на заеднички едукативни проекти и програми. Договорено е и признавање на академските курсеви и издавање на двојни дипломи, кои што ќе бидат валидни и признаени од двете страни, но и во меѓународни рамки.
Со денешното потпишувањето на меморандумот со универзитетот ВУЗФ од Софија, продолжуваат заложбите на АУЕ – ФОН за континуирано проширување на меѓународната соработката со универзитети и партнери од регионот, со кои заеднички ќе делуваат во насока на унапредување на образовниот процес преку размена на искуства и примена на иновациски пристап на работа, кој што одговара на современите барања на пазарот и потребите на идните студенти, како и кариерниот развој на академскиот кадар.

ПР текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска