(АУДИО) Тумбовски: Не се 80.000, туку 500.000 евра

Од:

Загорац Тумбовски во телефонски разговор за А1он потврди дека на сметката на ВМРО-ДПМНЕ префрлил 80.000 евра, а вкупната сума достигнува половина милион евра.

Прво преку писмо Тумбовски напиша дека е срамота Никола Груевски да ја лаже јавноста дека како партија не земале пари, пуштајќи го Илија Димовски да објаснува за партиски печати.

Тумбовски телефонски соопшти дека целосно стои зад писмото каде во детали објаснува дека ракописот на паргон блокот каса прими е на сегашната министерка Гордана Јанкуловска, а наредбата парите да се носат кај неа според Тумбовски била директно издадена од Никола Груевски.

„Тоа што беше напишано во отвореното писмо и сето тоа е најголемата вистина.Го чекам денот кога ќе бидеме рамноправни и да се погледнеме очи в очи со Груевски и со останатите негови полтрони и да бидеме рамноправни па тогаш да видиме која е вистината и кој зборува вистина а кој лага. Хајката која е водат против мене зборува дека ВМРО-ДПМНЕ е погоден во с’ржта. Документите постојат, кога ќе бидеме еднакви со Никола Груевски ќе ги извадам и другите докази. Тогаш ќе ги проверите и сметките на Аналитико ќе видите по изводи дали е лага. Тоа може да го провери и обвинителот Зврлевски кој незнам до кога ќе го штити криминалот на Груевски“, рече во телефонски разговор за А1он Загорац Тумбовски.

Отвореното писмо на Загорац Тумбовски ви го пренесуваме во целост:

Screenshot_5

Screenshot_6

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on