Атиџе ќе добие работа во Општина Лозово, а нејзината куќа нов покрив

Од:

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана во Општината, а нејзината куќа ќе добие нов кров.

Тој денеска ја посетил Атиџе, а меѓудругото ѝ ветил и дека нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио.

„Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, ѕвездата од ‘Медена земја’. Среќна , насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров. По завршување на турнеите и земањето на оскарите , Атиџе ќе биде работно ангажирана во Општина Лозово. Исто така ветив, дека нејзините две песни ќе бидат обработени целосно со музички аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Бесплатна градинка за сите деца и бесплатен оброк во училиште: Родителите во Лозово ќе добијат финансиска помош од општината

Орце Костов

Уништени овошки, пробиени покриви на куќи, оштетени автомобили – силно невреме го зафати Лозово

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош

Ана Ололовска

Атиџе бара мир, а не пари: И куќава нека ја продадат, сите мене ме напаѓаат, никој не ги решава проблемите

Кристијан Ландов

„Медена Земја“ предизвикува големо внимание кај француската филмска публика и критика

Ана Ололовска

„Медена земја“ од денеска во француските киносали

Ана Ололовска