Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Лозово

Од:

Секторот за внатрешни работи – Штип поднесе кривична пријава против А.В., на возраст од 48 години од Лозово, Т.Г., на возраст од 51 година од Скопје и Л.Л., на возраст од 68 години од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од село Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.

– Имено, на 01.11.2018, првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција“ во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В., иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе, отколку што е реално изработено, појаснија од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина