Амбасадорката на Германија во Македонија Кристине Алтхаусер денеска не сакаше да ги коментира настаните поврзани со наводното прислушување, како и информациите дека со него се опфатени неколкумина амбасадори. Смета дека треба да има сеопфатна и независна истрага.
– Немам коментар за тоа. Тоа се многу сериозни обвинувања и мора да има многу транспаретна, сеопфатна и независна истрага. Ако Виенската конвенција за дипломатска односи е нарушена тоа е тежок прекршок. Немам што повеќе да кажам во моментов, изјави Атхаусер, која присуствуваше на почетокот на проектот за зајакнување на капацитетите на СЕП.
Германската амбасадорка, одговарајќи на новинарски прашања, изјави дека СДСМ до амбасадата не доставила прислушувани телефонски телефонски разговори, како што најави нивниот лидер Зоран Заев.
За расправата во Бундестагот за случувањата во Македонија најавена за денеска, Атхаусер вели дека тоа не е нешто невообичаено.
– Знаете дека делегација на Бундестагот беше во Македонија пред две – три недела. Ова беше долго планирана посета на Македонија, и исто така во Србија. И нормално е потоа да има дискусија во Буденстагот на Комитетот за надворешни односи, изјави Алтхаусер.