Атанасов: Во ниту една од досега заловените диви свињи не е откриен вирус на африканска чума

Од:

Заклучно со денеска отстрелани се 85 диви свињи и, според лабораториските анализи на примероците земени од нив, сите се негативни на болеста африканска чума, информира за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Атанасов претходно рече дека заловување досега имало во струмичко-гевгелискиот регион, тетовскиот, кумановско-паланечкиот дел,…Отстрелот, додаде, обично се спроведува за време на викенд, зашто ловците се рекретивци, не професионалци. Се организираат кога се послободни.

-АХВ секој ден добива известување кое друштво кој ден ќе лови, за да излезе соодветно на терен со свои инспектори и ветеринари и да земе мостри, рече директорот.

Дополни и дека засега условите за отстрел во моментов се ограничувачки поради густата, раззеленета шума што ја намалува видливоста на ловџиите и им овозможува на дивите свињи полесно да се кријат.

Министерството за земјоделство на 30 јули годинава донесе Решение со кое одобри отстрел на дивите свињи во земјава, а заловувањето почна пред две недели.

АХВ продолжува со максимално следење на состојбата и преземање на сите превентивни мерки.

Би можело да ве интересира

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи кои се пронајдени во Василево

Горан Наумовски

Продолжуваат контролите на зелените пазари

АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник

Горан Наумовски

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Уапсена е инспекторка од АХВ – бараше мито

А1он

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарите кои продавале канцерогено млеко

А1он