Атанасов во Карбинци: СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно јавно здравство за сите

Од:

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов придружуван од претседателот на Комисијата за енергетија Митко Андреевски денеска беа меѓу граѓаните во Карбинци, Таринци и Радање.

– Децата ни се во странство, се иселуваат масовно, бидејќи не ја гледаат својата иднина овде. Голем број и од нас сакаат да одат со нашите деца во странство, сакаме да ги видиме внуците. Овде тешко е многу, со една плата сме и таа што ја имаме не е доволна за основните месечни трошоци, кои се енормно големи. Надеж гледаме во промена на власта и во СДСМ, велат граѓаните.

– Време е како општество да се движиме напред, а со оваа ненародна власт ова не е можно. Се украдоа, до гуша се заглавени со криминал и затоа Груевски и неговите соработници молчат за злостроничкото здружување. Но, треба да им биде јасно, дека секоја пара којашто е украдена од граѓаните на Македонија ќе ја вратат назад, рече Атанасов во излагањето пред жителите на овој регион.

Митко Андреевски, претседателот на Комисијата за енергетика, пред присутните презентираше дел од мерките од новата програма на СДСМ.

– Новата влада на СДСМ ќе ја укине радиодифузната такса и ќе ја вратиме и ефтината струја. Младите претприемачи ќе добијат 10.000 евра неповратни средства за отварање на сопствен бизнис. Повеќекратно ќе ја зголемиме државната помош за малите и средните претпријатија. Реализацијата на мерките од програмата на СДСМ ќе допринесат за отворање на нови работни места, рече Андреевски.

На прашањето од граѓаните како ќе се реши проблемот со руинираниот здравствен систем и како да се подобрат здравствените услуги, Атанасов одговори дека СДСМ има системско решение за вистински здравствен систем достапен за сите.

-630 милиони евра се потрошија за споменици а со 20 милиони евра можеше 80 нови, целосно опремени амбуланти да се обезбедат за ваквите населени места како вашето. СДСМ ќе инвестира во приоритетите за решавање на проблемите на граѓаните во здравството. СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско бесплатно јавно здравство, со бесплатно лекување во болниците и ослободување од партиципација. СДСМ ќе обезбеди квалитетно и достапно јавно здравство за сите, рече Атанасов.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа