Атанасов: Граѓаните да не носат храна од животинско потекло од Бугарија

Од:

Граѓаните кои патуваат во Бугарија при враќање во Македонија да не носат храна од животинско потекло, апелира директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

Тој денеска во Велес изјави дека вирусот „африканска свинска чума“ кој е регистриран во соседна Бугарија не е опасен за луѓето, но оти се работи за високо заразна вирусна болест кај свињите за која нема вакцина.

– Агенцијата донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од овој регион во Бугарија со цел заштита од внесување на вирусот, рече Атанасов, кој беше во посета на свињарската фарма „Агро софт“ во близина на Велес.

Агенцијата на почетокот на месецов донесе решение за забрана за увоз и транзит на свињи и производи од свинско месо од Бугарија поради појава на вирусот „африканска свинска чума“ во оваа држава. Болеста кон крајот на август е потврдена во областа на Варна во соседна Бугарија, а присутна е и во Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска, Молдавија, Романија, Чешка и Унгарија.

Унапредувањето на биосигурносните мерки на фармите, според Атанасов, има исклучително значење за фармерите од аспект на подобрување на здравствената заштита на животните и намалување на трошоците за лекување.

Од 90 комерцијални одгледувалишта на свињи колку што се евидентирани во земјава досега се категоризирани 78 фарми.

Би можело да ве интересира

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Шест македонски волови направија прекуграничен проблем, влегле на бугарска територија

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он

Подобрена безбедноста на храната во домовите за стари лица, информира АХВ