Атанасов: Болеста кај пастрмката не е опасна по здравјето на луѓето, засега нема голема смртност на рибите

Од:

Болеста кај пастрмката која е откриена во рибниците не е опасна по здравјето на луѓето. Причинува економски штети, доколку не се преземат навремено соодветни мерки, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.

На прес-конференцијата на која даде отчет за сработеното, Атанасов рече дека засега кај нас нема голема смртност на рибите, но оти штом е детектирана болеста, нема да се дозволи масовна смртност.

– Се работи за болест која ја загрозува само популацијата на риби и тоа загрозени се пастрмките и евентуално крапот како носител на вирусот. Сега засега нема голема смртност кај рибите, меѓутоа штом ја детектираме болеста, нема сигурно да дозволиме да почне масовно да се појавува смртноста, истакна Атанасов.

Од направените тестирања во 46 активни рибници во земјава, кај 18 е детектирана болеста и тие се прогласени за заразни, односно од кај нив рибата може да се продава само во продавници и тоа во замрзната форма.

Би можело да ве интересира

АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени казни од 618 илјади евра

Казни од 40 илјади евра по вонредните контроли во маркети и хипермаркети од страна на АХВ

Предраг Петровиќ

АХВ уништи над 624 кг. небезбедна храна, изречени се казни од над 33.000 евра

Миланов унапреди роднината на раководна позиција во АХВ

Казна за операторот со храна по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Катерина Ѓуровски