Атанасов: АХВ врши редовни контроли и ја информира јавноста

Од:

Не е пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) да објавува што и каде е дистрибуирано се додека тоа не претставува опасност по здравјето на граѓаните, рече денеска директорот Зоран Атанасов, одговорајќи на новинарски прашања во врска со последниот Извештај на Институтот за јавно здравје и утврдените количества тешки метали во некои прехранбени производи.

Атанасов е дециден дека АХВ е законски должна да ја информира јавноста, а и така постапува, само во случај кога ќе утврди евентуално присуство на храна несоодветна во однос на безбедноста и штетна по здравјето на луѓето.

– Дали и во која продавница што е затекнато и досега не беше пракса на Агенцијата за храна и ветеринарство да објавува ако не претставува опасност по здравјето на граѓаните. Во системот има следливост и ако не се повлече целото количество за кое е утврдено дека е несоодветна и штетна по здравјето на луѓето, тогаш сме должни до јавноста да соопштиме дека е присутно такво количество и да наведеме каде се е дистрибуирана, Тоа го предвидува Законот, рече Атанасов на прес-конференција во Владата.

Потенцира и дека АХВ врши редовни контроли.

-Не знам зошто Извештајот од 2017-та е доставен сега, кога сме 2019 година, истакна Атанасов, напоменувајќи дека на ниту една пратка од сомнителните што биле увезни, како јаготките, не и бил дозволен влез и се уништени.

Минатата година, потсети директорот, АХВ на прес-конференција соопшти дека во одредени региони се пронајдени тешки метали во црниот дроб на дивите свињи. Притоа конкретно беа посочени и подрачјата.

-Во соработка со Катедрата за хемија на ПМФ, изработивме посебен дел и Програмата ја насочивме во тие региони, за почесто да земаме мостри за да го видиме присустувото на тие тешки метали, да изградиме карта и да имаме сознанија што се случува, иако во ЕУ тоа е поинаку регулирано, објасни Атанасов, дополнувајќи дека велешкиот регион е познат по кадмиум и олово, а една мостра имало и во регионот на Струмица.

АХВ минатата година доби драстично зголемени средства за здравствена заштита на животните и за безбедност на храната, сума која, рече директорот, е преточена и оваа година.

-Лани имавме затекнати обврски од 100 милиони денари, а оваа година тоа не е случај, имаме само тековни фактури од претходниот месец. Лани воведовме и нови програми, испитување на микробна резистенција и кај добиточна и кај храна за луѓе, како и програма за посебни физичко-хемиски и биолошки опасности во храната. Се испитуваат сите додатоци, адитиви, бои, се што може да е евентуална опасност за здравјето на луѓето, подвлече Атанасов.

Би можело да ве интересира

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ

АХВ забрани увоз на пилешко од Бразил и на месо од мали преживари од Албанија

АХВ казни 14 месарници: Продавале небезбедна храна и ја занемариле хигиената

АХВ заплени и уништи 1.740 килограми небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ прави чистка пред Велигден: уништени месо, јајца, бои, ракија

АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Катерина Ѓуровски