АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ја поздравува одлуката да не се потпише спорниот Закон за игри на среќа, со кој очигледно се злоупотребува европското знаменце од страна на претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е доказ за издржаноста на нашата повеќегодишна борба да докажеме дека се злоупотребува знамето на ЕУ во интерес на малкумина и бизнис интереси на поединци. Сега е јасно дека сите експерти и познавачи се со ист став, овој закон нема врска со ЕУ усогласувањата.

Ние од АСОМ за оваа злоупотреба ја информиравме и Делегацијата на Европската Унија во земјава, чии претставници постојано апелираа европското знаменце да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство.

Ова е уште една потврда дека одлуката да се гласа законот по скратена постапка и под знамето на ЕУ немаше правна основа и беше во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста.

Го повикуваме Собранието, сите пратеници, сите политички партии и чинители да се вразумат и конечно да се отвори јавна расправа за овој важен закон. Ајде заедно да донесеме европски закон кој вистински ќе ги штити интересите на граѓаните.

Апелираме дека доколку повторно се обидат насилно да го донесат законот и покрај јасните потврди дека станува збор за неевропски закон, ќе резултира со масовни протести на вработените чии работни места се загрозени“, се вели во реакцијата на АСОМ.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Со овој закон не се штитат граѓаните, туку се уништува легалната дејност и се отвора пат за црниот пазар

АСОМ: Јавната расправа покажа, Законот за игри на среќа мора да се повлече и да се изработи одново

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

АПИС: Јавната расправа е можност да ја аргументираме штетноста на предлог законот за игри на среќа

Горан Наумовски

Владата ризикува да исплати отштета од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните приредувачи на игри на среќа и лиценците кои им се доделени

Предраг Петровиќ

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог Законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски