АСОМ до Груби: Вашата цел е да го преземете бизнисот со игри на среќа

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), реагира на вчерашната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби емитувана на „Само интервју“, во која тој отворањето на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа го „оправдува“
со поголема контрола од страна на државата и поголем прилив на пари од даноци во државната каса.

„Сакаме да истакнеме дека овие изговори кои во медиумите ги пласира првиот вицепремиер Артан Груби се максимално неиздржани и не можат во никој случај да ја скријат вистината, а тоа е дека не контролата врз индустријата, туку преземање набизнисот е одлуката на Владата.

Првиот вицепремиер Груби за време на интервјуто даваше несоодветни потценувачки коментари велејќи дека „не може некој кој вози Фичо или Југо да забрани да конкурира и БМВ, Мерцедес и Ауди во истата трка“, иако од оваа незаконска владина одлука на конец
висат 10.000 работни места на наши сограѓани.

Го прашуваме првиот вицепремиер Груби кој смело прави понижувачки паралели дали е запознаен каков придонес даваат македонските лиценцирани компании за игри на среќа за македонската економија и дали е свесен дека годишно државата од нив добива даноци од над 280 милиони евра? Знае ли вицепремиерот дека во Ковид годината, согласно Уредба од Влада, токму домашните компании многу брзо и многу успешно ги организираа игрите на среќа на интернет, дека имаат децениско искуство и дека немањето на искуство во интернет е само поради неможноста да организираат? Знае ли дека и во време на Ковид криза се изборивме и успеавме ниту еден од нашите вработени да не остане без работа и
егзистенција?

Дали компании со сомнително потекло од странство кои се однапред договорени, можат со двајца вработени и со една канцеларија да приредуваат игри на среќа преку интернет и да бидат Мерцедес во однос на домашните приредувачи, кои плаќаат огромни даноци,
имаат целосна логистика, огромен број на вработени и објекти, врвни платформи и огромно искуство токму на балканскиот пазар?

Повеќе од очигледно е дека целта на оваа Влада е свесно да се уништат лиценцираните приредувачи на игри на среќа на сметка на странски компании кои ќе се заортачат со Владата. Со години намерно се уништуваат домашните компании преку монопол на пазарот, кој сега се проширува со цел целосно затворање на една легална индустрија која дава сериозен придонес за државата.

Апсурдна е изјавата на првиот вицепремиер Груби дека сакаат да се донесе нов предлог Закон кој предвидува дислокација на објектите за игри на среќа, а од друга страна поддржува онлајн обложување кое може да се реализира било каде и тоа организирано од странски компании.

Цврсто остануваме на нашиот став дека владината одлука за отпочнување на постапка за основање на три нови друштва за приредување интернет игри на среќа е незаконска и дискриминирачка за домашните лиценцирани компании.

Бараме Владата да ги слушне нашите барања и да се поништи штетната одлука која ја загрозува нашата егзистенција, да се донесат подзаконските акти кои цела деценија се држат во фиока и да се отфрли предлог Законот за игри на среќа кој Владата сака насила
да го протурка на Комисијата за европски прашања во Собранието.

Во никој случај нема да дозволиме оваа Влада да затвори една легална индустрија на игри на среќа, да остави 10.000 вработени на улица и да создаде можност за развој на сивата економија и криминалот, додека пак поединци од Владата ќе печалат преку странски компании. Најавуваме жесток отпор и масовни протести ако ова своеволие и политичко насилство продолжи.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

Во цел западен свет се дозволени игри на среќа, зошто Mакедонија која цели кон ЕУ би била исклучок

Предраг Петровиќ

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АПИС: Албанија ги врати игрите на среќа, Македонија сака да ги врати игрите на црно

Орце Костов

Албанија повторно ги дозволи игрите на среќа