Аселборн: Локалните избори да бидат одраз на демократијата во земјата

Од:

Локалните избори на 15 октомври се многу важни за земјата. Тоа се први избори по парламентарните избори кои ОБСЕ ќе ги набљудува. Многу битно е тие да бидат соодветно организирани и да дадат резултат кој ќе биде одраз на демократијата во земјата, порача министерот за надворешни работи и за европски прашања на Големото војводство Луксембург Жан Асалборн на зедничката прес-конференција по средбата со неговиот домаќин Никола Димитров.

Тој нагласи дека по неколку тешки години во внатрешната политика во земјата се чувствуваат промени, за кои знаат и во Европа и тие се важни, вели, не само за нас туку и за целиот регион. Изрази убедување дека за демократија потребна е демократска промена за да демократијата остане ефикасна и остварлива, а овата Влада, смета дека ја има волјата и енергијата да воспостави и ја овозможи демократијата во оваа земја.

– Луксембург е на ваша страна и ќе биде и во иднина. Во 2005 година во Брисел кажавме Македонија ќе добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Од тогаш поминаа 12 години. Знаеме дека разговорите со Бугарија и начинот на кој најдовте решение со Бугарија е добар. Се надевам дека тоа ќе може да се постигне и со нашите пријатели во Грција. Ги поддржувам преговорите со вашата земја. Метју. Нимиц е вешт преговарач и мислам и се надевам дека ќе има чувство да ги приближи двете земји во изнаоѓање решенија. Се надевам дека и за членството во ЕУ и во НАТО ќе се постигне напредок многу брзо, рече Аселборн.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, пак, истакна дека посетата на неговиот колега од Луксембург доаѓа во многу важен период за Македонија како во поглед на внатрешните реформи, така и во однос на нашата нова надворешна политика и посочи дека земјата ќе направи се за исчекор во однос на ЕУ и НАТО.

– Му ја претставив нашата позитивна приказна и го уверив дека ќе направиме се што можеме до крајот на оваа година да направиме доволно за да ја убедиме ЕК да ни даде чиста препорака и ќе направиме се што можеме да ги убедиме нашите соседи и нашите европски пријатели дека Македонија треба да почне пристапни преговори со ЕУ идната година. Зборувавме и за НАТО и за тоа колку позитивно влијание ќе има членството на РМ во Алијансата во однос на нашата стабилност и на стабилноста во регионот, рече Димитров.

Шефот на дипломатијата на Луксембург денеска во рамки на неговата посета на Македонија ќе има средби и со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Талат Џафери.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов