Артан Груби: Законите за „Бехтел и Енка“ нема да паднат на Уставен

Од:

Вицепремиерот Артан Груби кој е главен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 Д, не верува дека законите поврзани со „Бехтел и Енка“ кои Пендаровски ги потпиша во понеделникот, ќе паднат на Уставен суд.

– Нема да паднат на Уставен, нема да паднат и не гледам причина зошто би имало иницијатива кога во Законот за работни односи го нема спорното работно време од 60 часа. Законското решение предвидува дека работниците кои ќе сакаат да работат прекувремено ќе мора да потпишат согласност и за тоа ќе мора да им се плати – рече Груби.

Запрашан зошто не е доставен договорот до Антикорупциската комисија во целост, тој рече дека ДКСК добила редактирана верзија од компанијата „Бехтел и Енка“.

– Затоа што договорот има клаузула за доверливост и за да се достави до медиумите, до ДКСК, до пратениците, освен до Јавното обвинителство, мора да има согласност од двете страни и од Владата и од конзорциумот. Тие ни доставија редактирана верзија која е доставена до ДКСК, а Јавното обвинителство има целосна верзија – додаде првиот вицепремиер.

Би можело да ве интересира

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

Груби доби дополнително време за увид во доказите, одложена главната расправа за „Лотарија“

Почна судењето против Артан Груби и уште за седуммина за злоупотреби во „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски

Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби